Перо Антиќ е нов претседател на Кошаркарска федерација на Македонија

Поранешниот македонски репрезентативец, Перо Антиќ е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.

Антиќ на Изборнtoо собрание во Скопје едногласно беше избран како единствен кандидат.

Во својата богата играчка кариера, 36-годишниот Антиќ беше дел од Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче. Од 2013-2015 настапуваше за Атланта и беше првиот Македонец во НБА-лигата.

Покрај многуте трофеи од националните првенства, Антиќ има и три титули европски шампион. Беше член на македонската репрезентација која на ЕП 2011 во Литванија го освои 4. место.Перо Антиќ е деветтиот претседател на МКФ.

 

Текстот Перо Антиќ е нов претседател на Кошаркарска федерација на Македонија е превземен од Reporter.mk.