Дваесет и три песни од Бритни Спирс ќе бидат вклучени во мјузиклот Once Upon A One More Time што догодина ќе почне да игра на Бродвеј во Њујорк. Претставата е музичка комедија, a приказната е за книжевен клуб основан од принцези од бајките.
„Возбудена сум што ќе се прави мјузикл со мои песни, особено што се случува во магичен свет полн со ликови со кои пораснав, ги сакам и обожавам“, рекла пејачката.
Мјузиклот се базира на книгата „Неспојливи“ од Џон Хартмер. Тој го напиша сценариото за комедијата заедно со Кевин Харт.
„Овие жени живееле во нивниот херметички затворен свет и полека навлегуваат во модерните идеи, во феминзимот и истражуваат како нивните приказни се пренесуваат на нас. Ќе биде суперзабавно“, рекол Хартмер и најавил дека пробите ќе почнат следниот месец.
Текстот Песните од Бритни Спирс, инспирација за мјузикл на Бродвеј е превземен од Reporter.mk.