Јавноста се изненади од новиот изглед на оскаровецот Џорџ Клуни (52) , кој се уште е омилен лик од Холивуд. Клуни пушти голема брада во пресрет на јубилејот-пет години во брак со адвокатката за човекови права, Амал Клуни (35).
Двојката ја прославила годишнината во ресторан во Њујорк заедно со пријателите Синди Крафорд и Ренди Гербер.
Цело лето беа во вилата на езерото Комо во Италија каде гости им беа родителите на Амал но и експретседателот на САД Барак Обама со сопругата Мишел.
Клуни кој е еден меѓу најбогатите актери, благодарејќи на продажбата на компанијата за текила, ретко снима филмови, и повеќе е фокусиран на ТВ-серии.
Текстот Пет години во брак со Амал: Џорџ Клуни пушти голема брада е превземен од Reporter.mk.