Две сребрени и три бронзени медали освоија македонските ученици на 16-тата Меѓународна јуниорска Олимпијада по природни науки. Олимпијадата се одржува од 3. до 12. декември во Доха, Катар, а во конкуренција беа ученици од целиот свет. Македонскиот тим освои пет медали на ова престижно натпреварување.
„Многу сме горди и среќни на успехот на нашите ученици. Ова е голема радост за нас и нашиот тим зошто покажавме дека имаме знаење во областа на природните науки, на светско ниво“, ни изјави Цветанка Илиоска , професорка по физика, која е член на тимот од Макдеонија. Учениците беа под менторство на неколку професори од ПМФ.
Текстот Пет медали за македонските ученици на Олимпијадата по природни науки во Катар е превземен од Reporter.mk.