Избледен тексас
Фармерки кои изгледаат како износени и избледени, се дел од овогодишните колкеции на најпознатите креатори, Stellа McCartney, Balenciagа, Givenshy …
Контрастни уметоци, вез и апликации
Тексас со посветли или потемни бои, кожа и дезенирани материјали се голем хит, а се додаваат на страните, напред или асиметрично (во еден од последните модели на ревијата на Lagerfeld, можеа да се видат тесни ленти по должината на колковите и ногавиците со неговото лого), а се вистинско освежување за класични модели на фармерки.
Подвиткани ногавици
Ногавиците оваа сезона никако не треба да се скратуваат или да се прилагодуваат на висината, бидејќи кога ќе се подвиткаат, стануваат еден од најсилните трендови за пролет / лето 2019. Покрај тоа, би било добро ако е можно, да бидат подвиткани дури до коленото, бидејќи фармерките во тој случај , делуваат уште поинтересно.
Подвитканите ногавици најдобро е да се комбинираат со машка кошула или кимоно јакна до половина на бутот. За оние пак, кои сепак се уште сакаат да ги скратат своите фармерки – земете ножици и сами исечете колку мислите дека треба и ни случајно, не ги порабувајте, туку гледајте на краевите да висат што повеќе конци.
Долги ногавици
Ако вашите ногавици ги покриваат чевлите, оставете ги така. Премногу долгите панталони ги кријат потпетиците и додаваат неколку сантиметри, а велат дека тоа е исто така во тренд …
Имено, фармерки над чевлите се ултимативен must have, а со нив, се разбира, задолжителни се високи потпетици. Најдобриот ефект се постигнува ако таквите панталони се носат со сакоа со “засилени” раменици или асиметричен топ.
Широки ногавиции
Оваа година нема стегнато движење, сè е удобно и комотно.
Фармерите кои се неколку броеви поголеми или изгледаат како вреќа, (со висок струк), се must have на сезоната.
Тие се комбинираат со лесна јакна со широки рамења, асиметрична свилена туника, чизми во шпиц или сандали со високи пета.
Секако, тука е и ременот од џинс, иако доаѓа во обзир и кожен ремен со брутална метална тока.
Текстот Пет модели џинс за оваа пролет е превземен од Reporter.mk.