Американската организација за правата на животните ПЕТА го прогласи глумецот Хоакин Феникс за личност на годината. Феникс е веган повеќе од 40 години и вели дека нема пробано месо од својата трета година.
„Сите ние сме животни. Не сакам да предизвикам болка на друго животно. Не сакам да бидам сведок на заробеништво и колење и убивање на животните. Тоа е апсурдно и варварски. Не знам како луѓето можат да гледаат, а тоа да не влијае на нив“, изјавил Феникс.
Феникс активно учествува во кампањите против злоупотреба на животните, а годинава го предводеше и протестот по повод Националниот ден на правата на животните. На Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, тој се приклучи на веганскиот протест на една локална организација за права на животните.
Феникс вели дека сака да ја искористи славата која ја доби во последните неколку месеци со улогата на Џокер. Тој вели дека сака гласно да зборува за правата за животните.
Текстот ПЕТА го прогласи Хоакин Феникс за личност на годината е превземен од Reporter.mk.