Вчера во селото Орешани, од струен удар загина актерот Ванчо Петрушевски. Актерот загинал додека заварувал качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки. Го удрило струен удар и тој починал на лице место. Ванчо во вилата во Орешани, често одел, особено во летните месци, каде што доаѓал да се одмори од обврските и градската гужва. Полицијата и официјално ја соопшти причината за смртта на познатиот актер. Ванчо Петрушевски загина на 67 години, а зад себе има голема актерска кариера.
Текстот Петрушевски загинал додека заварувал на метална скала е превземен од Reporter.mk.