Пинк доби ѕвезда на Булеварот на славните

Светската ѕвезда Пинк доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. На откривањето на ѕвездата друштво ѝ правеа сопругот Кери Харт и нивните две деца.

„Ова е наверојатно. Неодамна размислував и се навраќав на кариерата која некако успевам да ја одржувам. Мојот прв договор за албум го потпишав пред 23 години“, рече меѓу другото Пинк пред новинарите и насобраната толпа.

Добитничката на Греми рече и дека во кариерата постигнала сѐ што сакала да постигне.

„Отсекогаш знаев кои ми се силни точки. Не продавам секс и парфеми, не сум најубава, ниту најдобра. Згодна сум, имам доволно талент и работам на моите вештини. И кога не продавав албуми, ги полнев салите. Не морав да победувам на натпревари за популарност. Сакав да бидам уметник кој оди на турнеи и да биде одлична во тоа што го работи. На речиси 40 години можам да кажам дека сум одлична во тоа што го работам“, додаде Пинк.

Текстот Пинк доби ѕвезда на Булеварот на славните е превземен од Reporter.mk.