Пинк ќе прави пауза од музиката

Пејачката Алиша Бет Мур позната како Пинк на доделувањето на наградата Country Music Association соопшти дека приврмено ќе се повлече од музиката и нејзините настапи и концерти.

Пинк последните две години ги мина патувајќи низ светот во рамки на турнејата Beatiful Trauma World Tour. Таа сега вели дека сака поинаков начин на живот.

„Време е да работам нешто друго. Сакам да одморам од музиката одреден период“, изјавила Пинк на црвениот тепих, пренесува британски „Мирор“.

Таа на доделувањето на наградите се појави со својот сопруг Кери Харт, синот Џејмсон и ќерката Вилоу .

„Сакате да знаете колку турнејата може да биде гламурозна? Џејмсон имаше проблеми со устата, стапалата и дланките, а Вилоу имаше температура. Двете деца ни се разболеа, а Пинк мораше да минува низ сето тоа плус да ги одработи настапите професионално“, изјавил Кери.

Претходно Пинк мораше да ги одложи концертите во Австралија затоа што и таа беше болна. Доби вирус, а поради дехидрација заврши во болница.

 

 

Текстот Пинк ќе прави пауза од музиката е превземен од Reporter.mk.