Пиратска верзија на „Медена земја“ на „Јутјуб“ направи проблем

 

На „Јутјуб“  се појави пиратска верзија од документарниот филм „Медена земја“, кој деновиве е главна вест не само кај нас туку и во регионот, откако има две номинации за Оскар. Веднаш потоа скокна бројот на пребарувања на терминот Honeyland на видеоплатформата.

На социјалните мрежи пиратската верзија на „Јутјуб“ веќе се споделува, но има и реакции дека ова е веќе проблем, оти на овој начин не се дава никаква поддршка на филмот.

Обично треба да поминат 24 часа содржината објавена на „Јутјуб“ да се симне од платформата.

„Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов од 8 јануари може да се погледне во Кинотека на Македонија. Церемонијата на доделувањето на оскарите ќе се одржи на 9 февруари и тогаш ќе се знае дали филмот ќе освои статуетка во некоја од категориите најдобар странски филм и документарец.

Текстот Пиратска верзија на „Медена земја“ на „Јутјуб“ направи проблем е превземен од Reporter.mk.