Холивудскиот глумец Пирс Броснан откри дека веќе некое време слика и дека планира кон крајот на годината да отвори изложба на слики. 65-годишниот актер вели дека првите обиди ги имал уште кога глумеше со Рене Русо во филмот „Аферата Томас Краун“, каде што играше крадец на слики.
„Ми се допаѓа да се доживувам како уметник кој вешто ракува со боите, иако сум ниско во хиерархиска скала на оние кои знаат што да прават со нив. Сакам да создавам нешто што е убаво и е радост за окото. Уметноста е многу важна во мојот живот. Се надевам дека ќе успеам да ја организирам моја изложба на крајот на оваа или на почетокот на следната година“, изјавил Броснан на премиерата на филмот „Мама миа: одиме отпочеток“, што се одржа пред две недели.
Текстот Пирс Броснан подготвува изложба на слики е превземен од Reporter.mk.