Пирс Броснан, кој го глумеше Џејмс Бонд од 1994 до 2005 година, вели дека дека жена треба да го глуми тајниот агент 007 во следниот филм.
„Мислам дека доволно долго, дури четири децении, ги гледавме типовите кои го играат Бонд. Тргнете се фраери, пуштете жена да игра! Мислам дека тоа би било одлично, би било многу возбудливо“, рекол Броснан за „Холивуд рипортер“.
Броснан рекол и дека се сомнева дека жена ќе се појави во улогата на Бонд се додека Тони и Барбара Броколи се продуценти на филмот.
Во моментов Даниел Крег ја толкува улогата на најпознатиот таен агент, а филмот No Time to Diе ќе биде последен во кој тој ќе се појави во таа улога. За следниот филм, продуцентите ќе бараат нов глумец. Пред Даниел Крег оваа улога ја глумеа Шон Конери, Роџер Мур, Џорџ Лазенби, Тимоти Далтон и Пирс Броснан.
No Time To Die е 25. филм за Џејмс Бонд, а во киносалите ќе се прикажува од април 2020 година.
Текстот Пирс Броснан сака жена да го глуми Џејмс Бонд е превземен од Reporter.mk.