Од 20 до 22 септември на стадионот на АРМ во Скопје ќе се одржи фестивалот на пивото Skopje Beer Fest. Организаторите, Град Скопје, за сега не кажуваат кој ќе пее на фестивалот, но открија дека на посетителите ќе им понудат различни видови пиво од Македонија и светот, вкусни домашни специјалитети и голем број забавни активности.
„Новиот концепт на Skopje Beer Fest има цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање пивски бренд-фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, создавање можност за зголемена продажба и промоција на сите пивски брендови, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пивото“, стои во соопштението од Градот.
Фестивалот на пивото претходно се викаше „Пиволенд“ и се одржуваше на крајот на август, на скопско Кале или на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Текстот „Пиволенд“ со ново име се сели на нова локација е превземен од Reporter.mk.