Осум оперски певици и еден танчер го обвинија шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго за сексуална злоупотреба. Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век Доминго ги уценувал да имаат сексуални односи со него во замена за улоги, а тие што го одбиле „тој професионално ги казнувал“. Само оперската певица Патриша Улф јавно истапи со обвинувањата против Доминго, додека другите побарале да останат анонимни.
Доминго ги отфрлил обвинувањата, истакнувајќи дека го обвинуваат за нешто што е старо повеќе од 30 години.
„Ме боли да слушнам дека некого сум вознемирил или се чувствувал непријатно, без оглед колку долго помина и покрај моите најдобри намери“, рекол Доминго.
Тој додал дека „правилата и стандардите според кои денес сме оценувани се различни од оние што постоеле порано“, но дека тој никогаш не ја злоупотребил својата позиција, ниту некого вознемирил сексуално.
Текстот Пласидо Доминго обвинет за сексуална злоупотреба е превземен од Reporter.mk.