Пливачот Рајан Лохти вторпат стана татко

12-кратниот освојувач на олимписки медал, пливачот Рајан Лохти, вторпат стана татко. Ќерката Лив Реј Лохти е родена на 17 јуни, а пливачот веќе објави прва слика од бебето.

„Чудо број 2. Таа е совршена во секој поглед!“, напиша пливачот до фотографијата.

Лохти, кој е во брак со поранешниот „Плејбој“ модел Кејла Реј Рид, има и син, Кејден Зеин, кој е роден во јуни 2017 година.

 

Текстот Пливачот Рајан Лохти вторпат стана татко е превземен од Reporter.mk.