На судењето што почна во мај, сведочеше и Кучер, кој раскажа дека на ноќта на убиството требал да се види со Ешли, но доцнел заради деловен состанок. Кога дошол пред нејзината куќа, низ прозорецот видел црвени дамки на подот, но помислил дека тоа е истурено црвено вино, па си заминал. Телото на Ешли го пронашле следното утро, во бањата, избодена 47 пати со нож.
Според медиумот, Герџулио е обвинет за убиство и во државата Илиноис. Таму ќе му се суди откога ќе му ја изречат казната за овие две убиства.
Текстот По 18 години прогласен за виновен убиецот на девојката на Ештон Кучер е превземен од Reporter.mk.