По филмот „Добриот Вил Хантинг“, за кој добија „Оскар“ во 1997 година, глумците Мет Дејмон и Бен Афлек повторно ќе снимаат заедно. Овојпат тие ќе глумат во филмот „Последниот двобој“. Приказната е за двајца воини од Франција во 14. век. Станува збор за адаптација на книгата на Ерик Јагер „Последниот двобој: Вистинска приказна за злосторство, скандал и искушение во битките на средновековна Франција“. Продуцент и режисер на филмот е Ридли Скот.
Афлек (46) и Дејмон (48), освен што ќе ги глумат главните улоги, ќе го работат сценариото и ќе бидат продуценти преку својата продуцентска компанија „Перл стрит филмс“.
Ова ќе биде првиот филмски проект во кој Мет и Бен ќе глумат заедно, но и ќе го пишуваат сценариото по оскаровскиот „Добриот Вил Хантинг“ од 1997 година.
Текстот По 22 години Бен Афлек и Мет Дејмон повторно заедно на филм е превземен од Reporter.mk.