Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер со слика стара 34 години ѝ го честиташе роденденот на својата колешка, глумицата Линда Хамилтон. Двајцата во 1984 го снимија култниот филм „Tерминатор“, a сега го завршуваат снимањето на шестото продолжение на филмот, кое ќе се појави во кино салите кон крајот на 2019 година. Линда во филмот ја глумеше Сара Конор, а Шварценегер беше терминатор.
„Среќен роденден на мојата драга пријателка, најдобрата колешка, вистинската опасна жена и прекрасно човечко суштество. Пресреќен сум што сме повторно заедно“, напиша Арнолд на Инстаграм, на која објави слика од првото и од последното продолжение на филмот.
Линда Хамилтон на 26 септември наполни 62 години.
Текстот По 34 години се сретнаа Сара Конор и Терминатор е превземен од Reporter.mk.