Пет години после самоубиството на познатиот актер Робин Вилијамс во јавност кончено се дозна и причината поради која се одлучил за самоубиство.
Новиот документарец за животот на Вилијамс, „Робин Вилијамс, кога насмевката ќе запре“, ќе открие нови информации за здравствената состојба на актерот, вклучувајќи ја и неговата дијагноза Паркинсонова болест.
Според трејлерот за документарниот филм, кој го продуцирала кабелската мрежа РЕЕЛЗ, Вилијамс неколку недели пред смртта дошол во рехабилитациониот објект за да може да се „преусмери“. Меѓутоа, според документарецот, Вилијамс се борел со депресија и симптоми поврзани со Паркинсонова болест.
Робин се повеќе беше загрижен за депресијата која го проголта. Додека зборуваше за својата зависност од пијалоци и дроаг,тој долго време се борел со Паркинсонова болест , изјавил претседателот на АМИ и главен директор за содржината, Дилан Ховард.
Кога Вилијамс починал во 2014 година неговата сопруга Сузан Вилијамс рекла дека има влијание на Паркинсот врз неговата одлука да се самоубие.
Постојано зборуваше: „Само сакам повторно да го кренам мозокот“. Робин губеше разум и за тоа беше свесен. Можете ли да замислите која болка ја чувствувал кога одвнатрер се распаѓал? Ни он, ниту било кој тоа не можел да го запре , напишала таа.
Текстот По 5 години конечно вистината за самоубиството на Робин Вилијамс е превземен од Reporter.mk.