Моника Левински жената која работела во Белата Куќа за време на мандатот на Бил Клинтон и која имала сексуални односи со поранешниот претседател на САД, за прв пат јавно проговори за нејзиниот интимен живот од минатото.
Левински вели дека од тој момент па се до ден денес, таа често се криела од јавноста и во голем број случаи дури размислувала за самоубиство. Поранешната приправничка во Белата куќа јавно раскажа за пикантериите кои ги имала со нејзиниот поранешен шеф и за начинот на кој тој за завел.
Во изминатите дваесет години била присутна во голем број на медиуми каде зборувала за деталите од нејзиниот минато, но ретко зборувала за аферата со Клинтон. Во документарниот серијал „Афера Клинтон“ телевизиската мрежа А&Е, Левински отворено зборувала на оваа тема.
Monica Lewinsky details Bill Clinton affair, terrifying meeting with investigators in new doc https://t.co/I9dPl8LcVY pic.twitter.com/3Ys1Vr294W
— DailyHoustonNews (@DailyHoustonNew) November 13, 2018
Таа се одлучила да учествува во документарецот, затоа што не сакала нешто слично да и се случи на некоја друга помлада личност како нејзе.
Во една од емисиите, Моника раскажува како Клинтон и подарил украсна игла за шешир и книгата со наслов Leaves of Grass. Веднаш потоа двајцата завршиле во купатилото, каде Моника го уништила фустанот со дамки.
„Се упативме кон купатилото каде станавме уште поинтимни. Ми сподели комплименти, а јас му возвратив. Дојдовме до точка во која тој во претходните случаи знаеше да запре. Застанав и го прашав дали сака да продолжи, на што Клинтон одговори со да“, додала Левински.
По сексуалниот однос кој го имала со Клинтон во купатилото, никој од луѓето не и споменал ништо.
На почетокот дури и самата таа мислела дека станува збор за дамка од спањак.
Lewinsky participated in Clinton series so what happened to her “never happens to another young person in our country again” https://t.co/T1NHfTTOzy pic.twitter.com/vqE23LDm6Z
— The Hill (@thehill) November 13, 2018
„Тоа што ми ја подари оваа книга за мене има посебно значење. Тоа е интимна книга која не се дава така лесно. Се што ме мачеше, целата таа несигурност исчезна кога ми ја подари оваа книга“, изјавила Моника.
Моника влегла во Овалната канцеларија со Клинтон и неговата секретарка, која по неколку моменти се сокрила. Клинтон и го подарил подарокот и и рекол: „Слатка си со тие твои шешири“ или „Ти и твоите шешири“.
Откако излегоа во јавност, Клинтон ги негираше сите овие информации за нивната афера.
„Немав сексуални односи со таа жена“, изјави Клинтон на конференција во Белата куќа, стоејќи до својата сопруга Хилари Клинтон. Потоа, фустанот послужи како доказ фустанот на Моника, на кој се најдоа ДНК остатоци од Бил Клинтон.
Претседателот во тој момент немал избор, освен јавно да ги признае своите грешки, кои ги имал направено со приправничката во Белата куќа Моника Левински.
Скандалот многу брзо стана глобален, па дури и некое време ја затресе претседателската позиција на Клинтон. Во низата подоцнежни интервјуа, Левински објаснила дека со години се криела од јавноста, а често помислувала и на самоубиство.
Текстот По аферата со Клинтон, Моника Левински размислувала за самоубиство е превземен од Reporter.mk.