Коки Јанков од „Тајфата“ по четири месеци врска, се оженил со својата девојка Маја. На големо се зборува за тајната свадба на Коки и Маја. Коки не баш е расположен да зборува за ова, иако неговите пријатели велат дека уште пред некое време со Маја склучиле граѓански брак.
„Тоа се шпекулации“, вели за „Репортер“, иако пред четири месеци во разговорот ни откри дека планираат свадба со Маја.
Коки пред два месеца првпат за „Репортер“ проговори за новата љубов. Тогаш рече дека со Маја се заедно кратко време, иако се знаат многу одамна.
„Се знаеме многу добро затоа што ние бевме дечко и девојка пред да се оженам. Еве, по 11 години, пак се сретнавме и решивме со целиот живот зад нас да тргнеме заедно. Таму кај што си сакан и почитуван, таму е најтопло. Животот е таков, тој е за храбрите, а не за плачковци. Ние живееме заедно и планираме што побргу ова да го официјализираме со брак“, рече Коки.
Во изјавата за „Репортер“ тој ексклузивно проговори и за разводот со Росана, со која беше неколку години во брак.
„За да опстане мојот брак, условите беа на многу ниско ниво, па затоа тој брак заврши на 15 ноември 2018 година. Ова го кажувам за нештата да бидат појасни. Знам дека информацијата зошто се разделивме и кои се причините за разводот ги интересираат и другите, но јас свесно го одбегнувам одговорот за ова веќе подолго време. И за ова прашање треба да се обратите на друга адреса“, ни откри тогаш Коки.
Од бракот со Росана, Коки ја има ќерката Лара. Освен во љубовата, тој е активен и музичики, па вели дека набргу ќе ја промовира и новата песна од Коки и „Тајфата“.
Текстот По четири месеци врска, Коки тајно се ожени е превземен од Reporter.mk.