Цеца Ражнатовиќ утре попладне ќе има концерт во Косовска Митровица. Пејачката тука доаѓа по многу години, и вели дека не се плаши да настапи таму. На прашањето од медиумите кои и се очекувањата, таа вели : “ Како и од секој концерт до сега. Ова беше покана, гледате и сами дека не беше рекламиран концертот, нити било што… Не е медиумски експонирано дека ќе настапувам, нити знаев. Добив покана и ја прифатив. За среќа оваа сабота сум слободна, инаку со полна преа работам. Така да со полно срце го прифатив настапот и многу се радувам, и со нетрпение го чекам. Не паметам кога последен пат бев во Косовска Митровица“.
Таа вели дека не се плаши да настапи во Косово, и покрај последните случувања таму, вели „Да се плашев немаше да прифатам“, вели фолк пејачката. Таа додаде и дека “ само слогата Србите ги спасува“.
Текстот По долги години, Цеца прв пат во Косовска Митровица е превземен од Reporter.mk.