По месец дена медиумите дознаа за смртта на Сондра Лок, најголемата љубов на Клинт Иствуд

Веста за смртта на холивудската актерка Сондра Лок, една од најголемите љубови на актерот Клинт Иствуд, е објавена дури месец дена покасно. Медиумите денеска објавија дека таа починала во својот дом во Лос Анџелес.

Актерката наводно долго време боледувала од рак на коските. Таа прв пат се појви во филмот „Срце е осамен ловец“ од 1969 година, а беше и номинирана за Оскар во категоријата за најдобра женска споредна улога.

Има снимено голем број на филмови, но јавноста најмногу ја памети како партнерка на Клинт Иствуд, со кого беше 14 години во врска. Клинствуд и Сондра беа заедно од 1975 година до 1989 година, а љубовната романса заврши со нејзини обвинувања кон Иствуд за постојаните афери.

Иствуд досега во сите негови бракови е познат како човек кој бил склон кон неверството. Лок исто така го тужела и филмското студио „Ворнер брос“, тврдејќи дека поради бурното раскинување, тие ја саботирале нејзината кариера. На крајот спорот беше решен со спогодба.

Здравствените проблеми за Сондра почнале далечанта 1990 година, кога заболела од рак на дојката. Таа прифатила да и биде напраена мастектомија и исто така била подложна на хемотерапија.

 

Текстот По месец дена медиумите дознаа за смртта на Сондра Лок, најголемата љубов на Клинт Иствуд е превземен од Reporter.mk.