По мозочниот удар, Аки ги променил сите животни навики

Пејачот на групата „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски, вели дека ги има променето сите животни навики по доживеаниот мозочен удар кој му се случил минатата година.

Аки вели дека денес се чувствува добро, но морал да смени многу работи во неговиот живот на кои до тогаш бил навикнат.

„Сега сè е во ред. Се гледа по мене. Ги променив сите животни навики. Беше тешко на почеток, но сега сум во одлична состојба“, изјавил Аки.

Пејачот ги негирал приказните во јавноста за лошите односи со неговиот син Кристијан. Аки открил дека Кристијан неодамна го завршил албумот и сега ќе почне со негова промоција.

Аки го сподели искуството кое го доживеал за време на турнејата во Канада, каде настапил заедно со рок-бенд од Загреб. Тој вели дека посетата во Канада не му било пријатно искуство. Поради ниските температури кои достигнале и до -40 степени, тој вели дека бил затворен сам во соба.

„Имавме само ручек и спиење. Канада не измори“, открива Аки.

Пејачот сепак вели дека бил задоволен што концертот во Канада бил распродаден и дека во иднина планира нови песни и настапи. Аки вели дека е среќен што песните на „Парни ваљак“ се слушаат и што фановите уживаат во нив веќе со децении.

„Љубовта секогаш е застапена кај мене. Таа е силна и е извор на сите мои песни. Тешко е денес да им одредиме на децата што да слушаат, а се радувам што голем број од нив ја слушаат нашата музика. Единствено на што можеме да се пофалиме за сите овие години е тоа што сме како „Стонси“. Имаме три генерации на концерти“, вели Аки.

Аки Ракимовски доживеал мозочен удар

Текстот По мозочниот удар, Аки ги променил сите животни навики е превземен од Reporter.mk.