Американскиот актер и специјалист за боречки вештини Стивен Сегал најави тура низ Австралија на која ќе зборува за неговата кариерата и ќе ги прераскажува класичните хит филмови, пишува „Дејли Мејл“.
Неговото шоу кое ќе се вика „Аn Evening with Steven Seagal“ и ќе започне да се емитува од февруари 2019 година. Шоуто ќе го промовира Макс Марксон, кој претходно слични вакви шоуа организирал и за филмските ѕвезди Чарли Шин и Арнолд Шварценегер.
Картите за една вечер ќе чинат по 349 долари, а голем број на фанови на филмската ѕвезда, по социјалните мрежи пишуваат дека неговата појава несомнено ќе биде контроверзна, поради неговото однесување во минатото кое било надгледувано од движењето #MeToo.
Сегал уште повеќе го сврте вниманието кон себе по интервјуто со новинарката на „Би-Би-Си“ Кристи Варс, кога по прашањата за наводното сексуално вознемирување, актерот станал и си излегол од студиото.
„Вие бевте поврзани со обвинувањата за сексуално вознемирување. Сакам да ве прашам како се носите со ваквите обвинувања против вас? Сегал не одговори на прашањето, туку само стана и си замина.
Актерот и претходно ги негираше и ги отфрли сите обвинувања кои се покренаа против него. Тој беше обвинет за сексуално вознемирување од страна на актерките Џени Мекарти, Јулијана Маргулиес и Портиа де Роси.
Во септември, обвинителот во Лос Анџелес соопштил дека обвинението за силување од 1993 година што го примиле против Сегал, нема да резултира со обвинение поради статутот на ограничувања.
Случајот на Сегал бил разгледан од страна на работна група формирана да ги процени наводите за сексуална злоупотреба во индустријата за забави, во пресрет на десетиците жени кои за истата работа го обвинија и филмскиот магнат Харви Вајнштајн.
Текстот По обвинувањата за сексуално вознемирување Сегал најави тура низ Австралија е превземен од Reporter.mk.