По освоената титула во Италија Роналдо на одмор во Дубровник

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо, велигденските празници ќе ги мине во Хрватска. Фудбалерот на Јувентус слета во Дубровник во саботата вечерта, ден во кој го одигра мечот со Фиорентина, во кој „старата дама“ славеше со 2:1 и ја осигура титулата шампион на Италија.

„Многу сум среќен. Го освоив италијанското првенство уште во својата прва сезона со Јувентус. Го освоивме и Супер купот. Во Лигата на шампиони не поминавме баш најдобрто, но секогаш постои идната година. 100% ќе останам во Јувентус“, изјавил португалскиот напаќач по мечот во Торино.

Роналдо три часа по завршувањето на мечот, со приватен авион слета на аеродромот во Дубровник, околу 22:30 часот. Тука се очекува играчот да го мине Велигден, а можеби и да остане и ден повеќе, но веќе на 27 април, Роналдо ќе мора да се врати во Италија, каде Јувентус игра против Интер.

Дубровник е место на кое доаѓаат голем број светски ѕвезди, меѓу кои и познати спортисти. Пред две години на истото мето стигна и играчот на Реал Мадрид Марсело, а гости беа и НБА ѕвездата Блејк Грифин, Деандре Џордан и Реџи Булок.

 

 

Текстот По освоената титула во Италија Роналдо на одмор во Дубровник е превземен од Reporter.mk.