По разводот Моника Белучи прв пат со Винсент Касел на црвениот тепих

Светската актерка Моника Белучи прошета по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал, заедно со нејзиниот поранешен сопруг Винсент Касел.

Двајцата беа видени за време на проекцијата на новата верзија на нивниот голем и контроверзен хит од 2002 година „Неповратно“.

Актерката беше облечена во црвен фустан од брендот „Долче и Габана“. Друштво и правеа Касел и режисерот Гаспар Ное. Филмот „Неповратно“ ја следи приказната на двајца мажи кои талкаат низ уиците на Париз, барајќи одмазда за силувањето на девојката на еден од нив.

 

„Во новата верзија, приказната оди хронолошки бидејќи гледачите немаат разбрано одредени делови од оригиналниот филм. Нема исечени дијалози, ниту нови настани“, вели Ное.

Белучи и Касел беа во брак од 1999 до 2013 година и заедно имаат две ќерки. Касел лани се ожени со 30 години помладата манекенка Тина Канакеј, со која во април доби ќерка.

Текстот По разводот Моника Белучи прв пат со Винсент Касел на црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.