По самоубиството на пејачот на „Продиџи“, Бобан Авалон се сети на дружбите во Македонија

По самоубиството на Кит Флинт, пејачот на „Продиџи“, сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, вчера објави неколку заеднички слики и се потсети на дружбите со британскиот бенд во Македонија. Тој се прости од починатиот музичар со порака дека животот е чудна работа, а Флинт го нарече Firestarter, по една од најпознатите песни на „Продиџи“.

„Кит Флинт ја нема таа привилегија да доживее старост. Ама ја имаа таа да си оди онака како што секој сака да биде запаметен кога ќе си оди – како кога си најјак. Веќе не сум сигурен што е подобро. Мада, боље да си Firestarter него обичен чад“, напиша меѓу другото Бобан покрај заедничката слика со Флинт, направена пред 14 години.

Бобан Молошески со „Продиџи“ на „Охрид колинг“ 2016 година

„Продиџи“ три пати настапуваа во Македонија. Два од тие концерта ги организираше „Авалон“ – првпат во 2005 година во Скопје, а вториот концерт беше во 2016 година, како дел од музичкиот фестивал „Охрид колинг“.

Текстот По самоубиството на пејачот на „Продиџи“, Бобан Авалон се сети на дружбите во Македонија е превземен од Reporter.mk.