Хрватскиот репрезентативец и ракометар на „Вардар“, Игор Карачиќ, по седум години си оди од клубот од Скопје. Тој ќе замине по завршувањето на оваа сезона и ќе игра за полскиот клуб „Кјелце“. Оваа вест ја објави неговиот менаџер на Фејсбук. Тој вели дека Игор потпишал тригодишен договор со најголемиот полски клуб.
Игор Карачиќ со „Вардар“ освои четири шампионски титули во првенството, четири пати го освојуваше националниот куп, двапати ја освојуваше СЕХА лигата, а во сезоната 2016/17 беше дел екипата што победи во Лигата на шампионите.
Игор Карачиќ: Кога го победив, брат ми сакаше да ме исфрли од дома
Текстот По седум години Игор Карачиќ си оди од „Вардар“ е превземен од Reporter.mk.