По седум години Македонија во финалето на Евросонг, Тамара ќе пее осма

По седум години пауза, Македонија ќе пее во финалето на Евровизија. Тамара Тодевска ќе настапи осма, со песната Proud, на авторите Роберт Билбилот, Дарко Димитров, Лазар Цветкоски и Коста Петров. Ова е четврта Евровизија на Тамара. Таа ја пееше „Во име на љубовта“ во 2008 година во Белград година заедно со Врчак и Адријан Гаџа, но тогаш не се пласираше во финалето. Два пати пееше и пратечки вокали, првиот пат на Тоше во Истанбул во 2004 година, а потоа и во Стокхолм, во 2014, кога претставник на Македонија беше нејзината сестра Тијана.

Последен пат Македонија беше во финалето на Евровизија во Баку, во 2012 година, кога Калиопи ја испеа песната „Црно и бело“. Најдобар пласман од македонските учесници има Елена Ристеска, која беше 12. со песната „Нинанајна“ на Евровизија во Атина во 2006 година.

Прва во вечерашното 64. финале на Евросонг ќе пее претставничката на Малта, а последен, дваесет и шести, ќе настапи Шпанецот Мики. Во ревијалниот дел на фестивалот шоу ќе има Мадона, а ќе ги испее Future, песна од новиот албум и хитот од 1990те, Like a Prayer. Се очекува финалето на Евросонг да го гледаат над 200 милиони луѓе во цел свет.

Текстот По седум години Македонија во финалето на Евросонг, Тамара ќе пее осма е превземен од Reporter.mk.