По секс-скандалот со фудбалерот Огњен Врањеш, фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша вчера првпат се појави на сцената. Таа на доделувањето на првите регионални музички награди МАЦ, ја промовираше новата песна „ЛаЈК“ и направи хаос на сцената. Облечена во сребрен корсет, таа се појави на бината распната пред голем објектив, по што одржа мал говор.
„Решив да бидам хериона на својот живот, а не жртва во вашите очи“, порача Карлеуша од сцената.
Карлеуша на доделувањето на МАЦ наградите беше единствената што не се појави на црвениот тепих и ги избегна новинарите. Во салата влезе од таен влез, и дојде заедно со менаџерот Зоран Бирташевиќ.
Последните неколку недели Карлеуша е во центарот на вниманието на балканската јавност заради секс-скандалот со босанскиот фудбалер Врањеш. Таа најпрво демантираше дека имала врска со него, а откако во јавноста се појавија нејзини голи слики, таа замина во Кина, кај сопругот Душко Тошиќ. Во Белград се врати неодамна, но во јавноста се појавува само за снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Текстот По секс-скандалот Карлеуша направи хаос и на сцената е превземен од Reporter.mk.