Џенифер Лопез е ѕвезда во филмот “Hustlers”, кој ги следи животите на поранешните стриптизерки кои одлучиле да крадат од своите богати клиенти од Вол Стирт. Една од стриптизерките сега бара финансиска надомест, откако ја видела 50-годишната Лопез дека пред неколку дена на Инстаграм споделила фотографија на која позира во мини розево бикини. Со таа слика таа сакала да го промовира новиот филм . Една од стриптизерките, Саманта Барбаш, која поради тоа била осудена на 5 години условна казна, тврди дека филмот всушност ја украл нејзината животна приказна и бара надомест од продуцентот и пејачката.
“Ако заработуваат на мојата приказна, тогаш треба да признаат дека е моја и веројатно заслужувам некаква надомест. Ќе го сопреме снимањето бидејќи сум лошо претставена. Можеби и ќе тужам, рекла Саманта за New York Post.
Саманта била лидер на бандата. Таа, заедно со уште неколку колешки, дрогирала мажи, а потоа им ги кредитните картички. Намерно цел на грабеж биле женети мажи, кои не можеле да им кажат на своите семејства каде исчезнале парите.
“Почестена сум што таа ме глуми, но мислам дека прво требаше да зборува со мене. Само јас ја знам целата вистина”, рекла Барбаш, а подоцна рекла и дека ќе ги тужи оние кои стојат зад филмот.
“Денес имам свој спа центар и наскоро ќе отворам и втор. Јас сум успешна деловна жена”, вели на крајот.
Текстот По сексот ги дрогирала па ги ограбувала- Џеј Ло ја изнервира вистинската стриптизета е превземен од Reporter.mk.