По три години од обвинението за силување, заврши драмата за Кевин Спејси

Американскиот актер Кевин Спејси е ослободен од обвинението за злоставување на едно момче, откако оштетената страна ја повлече тужбата.

Момчето кое го обвини актерот дека во бар му ги соблекол панталоните и дека се обидел сексуално да го искористи, ја повлече тужбата, а судот одлучи парницата да биде завршена без право момчето повторно да ја покрене постапката.

Одбраната на Спејси барала поради ваквите обвинувања, кои Спејси ги негирал, да му се наплати оштета за емоционална вознемиреност.

Веста за повлеченото обвинение следела само неколку дена пред да навршат три години од пријавувањето на случајот, што би повлекло и негово застарување. Момчето пред три години имал 18 години, иако Кевин лажел дека има 23.

Станува збор за син на поранешна локална телевизиска водителка од Бостон Хедер Јунрах. Водителката минатата година го обвинила Спејси дека го нападнал нејзиниот син и дека сексуално го злоупотребил.

Американскиот актер, продуцент и пејач и пред овој случај бил обвинет за сексуално вознемирување. Дури осум лица кои работеле со него во серијата „Куќа од карти“, јавно изнеле тврдења дека биле жртви на Кевин. Тие го опишале како предатор, чија мета биле млади мажи.

Поради Кевин останал без ангажман во серијата, а продуцентот Ридли Скот, минатата година пред премиерата на филмот во кој Спејси глуми, ги тргнал сите сцени во кои актерот се појавува.

 

Текстот По три години од обвинението за силување, заврши драмата за Кевин Спејси е превземен од Reporter.mk.