Принцезата Дајана откако се омажила за принцот Чарлс одговорила на 47.000 честитки и напишала 10.000 писма за да се заблагодари на честитките, пишува Хафингтон пост.
Иако принцезата Дајана починала во 1997 година, некои нејзини постапки сеуште предизвикуваат воодушевување кај многу луѓе ширум светот.
Освен исполнувањето на должностите принцезата Дајана имала време и за пишување на писма за благодарност. Во нејзината авторизирана биографија „Дајана: Нејзината вистинска приказна“, авторот Ендру Мортон, пишува дека принцезата работела на одговорите на сите писма кои ги добила.
Леди Ди непосредно пред да се омажи за принцот Чарлс во 1981 година, одговорила на 47.000 честитки и напишала писма на благодарност за повеќе од 10.000 добиени подароци.
Текстот По венчавката со Чарлс, Дајана напишала 10.000 писма за благодарност е превземен од Reporter.mk.