Победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ, откри дека никој од членовите на жирито не ѝ ја честитал победата во шоуто и дека се разочарала заради нивното однесување. Таа тоа го оправдува со фактот дека долго време останала на сцената и тие си заминале, но дека сепак очекувала барем некој, освен нејзината менторка Марија Шерифовиќ, да ѝ посака среќа.
17-годишната Џејла, која победи убедливо во финалето на „Гранд“, во текот на целата сезона беше фаворит на Марија, а постојано добиваше пофалби и од сите други членови на жирито.
„Не ми честитаа другите членови на жирито. Имаше толпа на сцената, не знам дали можеле да дојдат кај мене. Беа заминати додека јас ги завршив своите обврски на сцената, па можеби и имаа намера да ми честитаат, ама не успеале“, рекла победничката за медиумите.
Таа додала дека иако поминале неколку дека, се уште не ги средила впечатоците по победата.
„Впечатоците малку стивнаа, но сѐ уште не се смирени. Добивам пофалби и пораки, но и некои мали критики. Јас сум задоволна и се чувствувам добро, тоа е најважно. Добив и коментари заради кои сум горда. Срцето ми е полно кога слушам дека моите блиски се среќни, а јас знам дека ги исполнив нивните очекувања“, вели таа.
Иако во текот на целото натпреварување често ја критикуваа, Џејла раскажала дека критиките веќе ја погодуваат толку многу.
„Знам дека некои делови од пеењето во финалето не беа добри и не бев среќна, но овие негативни коментари што ги добивам се најчесто од луѓе што ме критикуваа од самиот почеток. Го прифаќам тоа, секој има право на свое мислење и нема никакво влијание врз мене. Можам само да се обидам да им се допаднам“, открила таа.
Ова е втора победна на босанската пејачка на големо музичко шоу од ваков тип. Таа пред три години победи во шоуто за деца „Некои нови клинци“.
Текстот Победничката на „Гранд“ разочарана од жирито е превземен од Reporter.mk.