Дијан Керол, актерката позната по улогата на Доминик Деверо во серијата „Династија“, вчера почина од рак на 84 години. Таа е добитник на наградата Тони, Златен глобус, а беше номинирана и за Оскар за улогата во филмот „Клодин“.
Родена е 1935 година во Харлем, Њујорк. На 15 години станала модел. Првата улога ја добила на 19 години во филмот „Кармен Џонс“. Дијан е првата афроамериканска актерка која имала главна улога во ТВ-серија, а да не игра член од послугата – таа од 1968 до 1971 година ја глумеше Џулија Бејкер во серијата „Џулија“, болничарка чиј маж загинал во Виетнам, и со која стекна слава во Холивуд. Според нејзиниот лик е направена и една од популарните Барби кукли.
Текстот Почина актерката од „Династија“, Дијан Керол е превземен од Reporter.mk.