Актерот Боб Ајнштајн, добитник на наградата „Еми“ почина на 2 јануари на 76 годишна возраст. Причината за смртта е последица на ракот кој лекарите неодамна му го дијагностицираа. Несреќната вест ја потврди неговиот брат, актерот Алберт Брукс.
„Почивај во мир мој драг брате Боб Ајнштајн. Беше одличен брат, татко и сопруг. Брилијатен и смешен човек. Секогаш ќе ни недостигаш“, напиша Алберт на социјалните мрежи.
Боб има снимено голем број на филмови, од кои најпознатите се „Тринаесетмината на Оушн“ и „Модерна романса“. Неговата хумористична серија „Супер Дејв“, се прикажуваше четири години.
R.I.P. My dear brother Bob Einstein. A great brother, father and husband. A brilliantly funny man. You will be missed forever.
— Albert Brooks (@AlbertBrooks) January 2, 2019
Глумеше во филмовите „Изгубени во Америка“ и „Муза“, а гласот го имал позајмено за бројни цртани филмови. Некои од нив се „Тајниот живот на домашните миленици“, „Потрагата за Немо“, и „Потрагата за Дора“.
Неговата прва љубов била глумата. Но, освен глумата Боб се занимавал и со пишување на сценарија. Во својата долгогодишна кариера освоил две „Еми“ награди и двете како сценарист.
Текстот Почина актерот Боб Ајнштајн од „Тринаесетмината на Оушн“ е превземен од Reporter.mk.