Почина актерот Предраг Ејдус

Вчера по долго боледување почина еден од доајените на српското глумиште, Предраг Ејдус. Актерот почина во Белград, на 71 година.

Ејдус е роден на 24 јули 1947 година во Белград. По завршувањето на гимназијата и неколкуте години минати во аметерскиот театар „Дадов“, дипломирал глума во 1972 година на Акадамијата за театар, филм и телевизија во класата на професорот Миленко Маричиќ.

Член на драмата при Народниот театар во Белград станал во 1972 година и таму останал до 1993 година, кога преминал во Југословенскиот драмски театар. Од 1985 до 1989 година бил претседател на Здружението на драмските уметници на Србија, а во 2006 година стана редовен професор на Академијата за уметности.

Предраг Ејдус со децении беше постојан дел од филмската сцена на Србија. Имаше извонредните улоги, со кои остави трага и во театарот и на филмот. Во едно дамнешно интервју рече: „Желбата за глума никогаш не ме напушташе, ниту во најтешките моменти“. Оваа година доби награда за животно дело.

„Ова е многу значајно за мене, можеби најзначајното признание што го добивам од комедиите кои спаѓаат во жанр кој е најтежок и бара голема работа. Комедијата ја сметам за врв на актерското умеење. Сум во години кога треба да размислувам да престанам со работа, но тоа не ми паѓа на ум“, рече тогаш Ејдус.

Предраг Ејдус одиграл околу 200 драмски улоги и снимил повеќе од 50 филмови, учествувал во повеќе од 80 телевизиски драми и серии, со повеќе од 200 улоги во радио-драми снимени за Радио Белград. Една од последните култни улоги по кои ќе остане запаметен е улогата на Хрватот во комедијата „Шовинистичка фарса“, во којашто партнер во улогата на Србинот ја имаше Јосиф Татиќ.

Актерот беше оженет за Милица Ејдус, со која имаше две деца. Ќерката Вања е позната глумица, а синот Филип предава на факултетот за политички науки во Белград.

Текстот Почина актерот Предраг Ејдус е превземен од Reporter.mk.