Почина актерот Рон Либман од „Пријатели“

Актерот Рон Либман, кој го глумеше таткото на Рејчел Грин во серијата „Пријатели“, почина на 82 години. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот менаџер.

„Со тага морам да ви соопштам дека почина Рон, талентиран актер со богата кариера. Снимаше филмови, серии, глумеше во театар. Сочувство до сопругата Џесика и целото негово семејство“, стои во соопштението од неговиот менаџер до медиумите.

Рон е добитник на наградата „Тони“, за улогата во театарската претстава „Ангели во Америка“ и „Еми“ за улогата во телевизиската драма „Каз“.

 

Текстот Почина актерот Рон Либман од „Пријатели“ е превземен од Reporter.mk.