Францускиот цртач на стрипови и автор на еден од најпродаваните стрипови на светот „Астерикс“, Алберт Удерцо, почина на 92 годишна возраст од срцев удар. Веста за неговата смрт ја пренесе неговиот зет Бернард.
Тој вели дека Алберт очинал во својот дом во Неулију во својот дом. Неговата смрт не е поврзана со коронавирусот, објаснил Бернард. Тој вели дека Алберт веќе неколку недели се чувствувал изнемоштено и исцрпено.
Првиот стрип е објавен во 1959 година, креиран од Удерцо во соработка со колегата писател Рене Гошини.
Од продолжението на првиот стрип пред речиси 60 години, албумите со авантурите на малиот војник со бркови Астерикс, кој се бори против Римјаните, се продадени во 380 примероци на 111 јазици.
На почетокот Гошини го пишувал сценариото, а Удерцо го илустрирал Астерикс и неговиот верен придружник Обеликс со кој постојано влегувал во неволји, јуначки спасуваа и романтични авантури. Верно ги следи нивното куче Идефикс, единственото познато еколошки освестено куче, кое тажно завива, кога ќе падне некое дрво.
Истовремено, ликот на Астерикс стана еден од најпознатите меѓународно признати француски културни феномени.
Користен е во филмовите, цртаните, забавните паркови, играчките и во видео-игрите. Овој скромен човек и цртач на стрипови со својот пријател Гошини, кој почина во 1977 година, го создадоа ликот познат на сите Французи, но и луѓе во целиот свет. Откако замина во пензија, последните албуми со авантурите на Астерикс и неговиот пријател Обеликс, ги создаваа други уметници, кои останаа верни на неговиот стил и уметнички израз.
Неговата соработка со Гошини беше прекината со смртта на неговиот соработник во 1977 година. Удерцо почна да се повлекува од својата работа во 2009 година од здравствени причини, по што писателот Жан-Ив Фери и уметникот Дидие Конрад станаа главните автори на серијата „Астерикс“ во 2013 година.
Текстот Почина Алберт Удерцо, легендарниот уметник зад стриповите „Астерикс и Обеликс“ е превземен од Reporter.mk.