Почина бугарскиот акетр од хит серијата „Под прикритие“

Бугарскиот актер Јосиф Шамли почина на 47-годишна возраст.

Тој е едно од најистакнатите бугарски актерски имиња, а беше дел од ансамблот на Народниот театар „Иван Вазов“, со многубројни улоги на бугарската театарска сцена.

Македонската публика го препознава по неговата улога во бугарската хит телевизиска серија „Подземје“  или „Под прикритие“.

Причините за смртта се уште не се наведуваат, а веста ја објави Сојузот на актерите на Бугарија.

Бугарското Министерство за култура преку профилот на Фејсбук веќе објави сочувство кон семејството, пријателите и колегите на актерот.

 

Текстот Почина бугарскиот акетр од хит серијата „Под прикритие“ е превземен од Reporter.mk.