Почина Чубака од  „Војна на ѕвездите“

Актерот Питер Мејхју, познат по улогата на Чубака во трилогијата „Star Wars“, почина на 74-годишна возраст во неговиот дом.

Неговото семејство ја соопшти веста.

Според Џ.В. Ринзлер, авторот на книгата „Правењето на Star Wars“, Мејхју бил одбран за улогата на Чубака сосема случајно и остана „Чубака“ цели 30-години.

 

Питер Мејхју никогаш не престана да биде во улогата на Чубака. Тој се појави во сите продолженија на „Star Wars“ до 2017 година, кога се откажа од актерската професија поради компликации на здравствената состојба.

Текстот Почина Чубака од  „Војна на ѕвездите“ е превземен од Reporter.mk.