Ѕвездата од детската програма на „Би-Би-Си“ Маја Лесија Нејлор, почина на 16 годишна возраст. Веста ја објави „Би-Би-Си“ на нивниот сајт.
„Жал ни е што мораме да ви кажеме дека Маја Лециа која ја знаете од детската серија Millie Inbetween и Almost Never, за жал почина. Маја беше сакана од детското „Би-Би-Си“ семејство, и беше исклучителна актерка, пејачка и танчерка. Ќе ни недостигаш многу“, стои во објавата во која не е наведена причината за смртта.
Маја својата кариера ја започна на двегодишна возраст во остварувањето Absolutely Fabulous.
Текстот Почина детската ѕвезда на „Би-Би-Си“ Маја Лесија Нејлор е превземен од Reporter.mk.