Утрово почина Дражен Јанковиќ-Дреле, клавијатурист на групата „Забрањено пушење“ и братучед на фронтменот на бендот Неле Карајлиќ. Освен што свиреше клавијатури во култната босанска група, тој беше и автор на повеќе песни, меѓу кои и „Djevojčice kojima miriše koža“. Момците од „Забрањено пушење“ денес преку социјалните мрежи се простија од својот член.
„Драг Дреле, и понатаму ќе живее со нас, со твоите песни и со својот дух. Твоето добро срце прекратко не грееше. Те гушкаме за збогум, прекрасен и добар пријателе“, напишаа тие.
Дражен, кој е роден 1965 година, има издадено неколку книги меѓу кои и „Патепис на Забрането пушење“.
Текстот Почина Дреле од „Забрањено пушење“ е превземен од Reporter.mk.