Американскиот режисер Џон Синглтон, чиј филм Boyz n the Hood во 1991 година, стана симбол на новиот бран на афроамериканската кинематографија, почина во понеделникот, соопштиле од неговото семејство.
Синглтон (51) доживеал срцев удар на 17 април и од тогаш бил во кома. Синглтон е првиот афроамерикански режисер номиниран за престижниот Оскар во 1992 година во категоријата за најдобра режија за остварувањето на Boys n the Hood.
Станува збор за приказна за криминалот и насилството во квартовите на Лос Анџелес, каде претежно живеат Афроамериканци. Синглтон снимил неколку филмови за условите во кои живеат Афроамериканците во САД, меѓу кои се и Poetic Justice (1993) и Four Brothers (2005).
Синглтон во своите филмови предност им давал на црните глумци, како и музичарите. Во неговите остварувања се појавиле раперите Ајс Кјуб, Снуп Дог и Баста Рајмс.
Текстот Почина Џон Синглтон, првиот афроамерикански режисер номиниран за Оскар е превземен од Reporter.mk.