Продуцентот на првите два филма од серијалот „Војна на ѕвездите” Гери Курц почина во Лондон на 78 години, објави неговото семејство во понеделникот.
„Целото семејство на ‘Војна на ѕвездите“ е погодено од смртта на Гери”, вели режисерот Џорџ Лукас во соопштението.
Соработувајќи со Лукас, Гери Курц стана познат. Нивниот прв успех беше „Американски графити” од 1973 година.
Потоа тие станаа познати со „Војна на ѕвездите” од 1977 година и продолжија со „Империјата го возвраќа ударот” (1980).
Тие се разијдоа заради третиот дел, „Враќањето на Џедаја”, бидејќи Гери Курц го сметал за премногу комерцијализиран.
Сепак, Курц ја продолжил својата успешна продуцентска кариера.
„Изгубив пријател … Ми беше чест да работам со него”, напиша на Твитер актерот Марк Хамил, познат како Лук Скајвокер.
I’ve lost a lifelong friend. The world has lost a kind, wise, multi-talented artist & filmmaker whose contributions to cinema cannot be overstated. It was an honor to have worked with him & I know I am better man just for having known him.#RIPGaryKurtz pic.twitter.com/1tNRAgCGbq
— Mark Hamill (@HamillHimself) September 24, 2018
Текстот Почина Гери Курц, продуцентот на „Војна на ѕвездите“ е превземен од Reporter.mk.