Почина глумецот и познатиот комичар Џери Стилер

Комичарот и глумец Џери Стилер почина на 93. годишна возраст, пренесуваат светските медиуми. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син, холивудската ѕвезда Бен Стилер (54).

„Морам да ви кажам дека мојот татко Џери почина од природна смрт. Беше одличен татко, дедо и сопруг на својата Eн, цели 62. години. Многу ќе ми недостигаш. Те сакам тато“, напиша Бен на социјалните мрежи.

Џери Стилер стана познат по улогата на Френк Костанза, во една од најпопуларните серии, „Сејнфелд“. Играше и во серијата „Кралот на Квинс“, како и во комедиите „Золандер“, „Жешка потера“ и многу други.

Во раната фаза од својата кариера, тој со сопругата го оформи комичарското дуо Стилер и Меара, кое беше популарно во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век. Двајцата беа во брак повеќе од 60 години. Ен почина во 2015 година.

 

 

Текстот Почина глумецот и познатиот комичар Џери Стилер е превземен од Reporter.mk.