Почина глумецот од серијата „Сајнфилд“, Ричард Херд

Почина американскиот глумец Ричард Херд, познат по улогата на господин Вилхелм, во популарната телевизиска серија „Сајнфилд“. Херд по тешката битка со ракот, почина на 88 годишна возраст во Лос Анџелес, пренесува „Си-Ен-Ен“. Последните моменти од неговиот живот, тој ги помина со неговот семејство, потврди неговиот портпарол.

Херд глумел и во филмот „Кинсески синдром“ од 1979 година, со Џејн Фонда (82), а се појавил и во телевизиските серии „Ѕвездени патеки“, „Далас“, „Династија“ и други.

Публиката го гледаше и во филмот „Сите луѓе на претседателот“, а во 2018 година ја сними криминалистичката драма „Мула“. Зад себе Херд ја остави сопругата Патрисија Херд (85), со која беше во брак 40 години и со која имаше син и ќерка.

 

Текстот Почина глумецот од серијата „Сајнфилд“, Ричард Херд е превземен од Reporter.mk.