Глумецот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови. Питер е син на актерот Хенри Фонда, брат на Џејн Фонда, а татко на глумицата Бриџит Фонда.
Во 1969 година, тој беше продуцент и ја играше една од главните улоги во култниот филм „Голи во седло“, заедно со Денис Хопер и Џек Николсон. Тој се здоби со меѓународна слава и стана еден од идолите на хипи-движењето, но и херој на новиот Холивуд.
Фонда зад себе остави стотици други филмови, глумеше на Бродвеј, а во последно време и во телевизиски серии. Неговиот последен филм „Последната мерка“, кој е критика на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон бегалците, ќе биде промовиран пред крајот на годинава.
Текстот Почина глумецот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“ е превземен од Reporter.mk.