Благој Истатов, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, почина утринава на 71- годишна возраст.
Во кариерата Истатов ги бранеше боите на Беласица, Победа Прилеп, Партизан и Утрехт. Се проба и во тренерските води како прв човек на клупата на Беласица и уште неколку други македонски тимови.
Во еден период беше и тренер на голманите во репрезентацијата на Македонија. Пред неколку години, во Дојран, ја основа фудбалската школа „Истатов“. Погребот на Благој Истатов ќе се одржи утре, во 13 часот, во Струмица.
Текстот Почина голманот Благој Истатов е превземен од Reporter.mk.